Kasım İleri
15 Јули 2022•Ажурирај: 16 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Началникот на Генералштабот на Соединетите Американски Држави (САД), генерал Марк Милеј, со началникот на Генералштабот на Грција, генерал Константинос Флорос, разговараше за билатералните односи меѓу двете земји и украинската помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
Началникот на Генералштабот на Грција, Флорос, во Пентагон се состана со Милеј, началникот на Генералштабот на САД.
Осврнувајќи се на средбата, портпаролот на началникот на американскиот Генералштаб, полковник Дејв Батлер, истакна дека двајцата генерали разговарале за заеднички прашања, вклучувајќи ја и Руско-украинската војна.
Како дел од неговите контакти во Пентагон, Флорос се состана со американскиот потсекретар за одбрана, Селест Волендер, државната секретарка за воени и политички прашања, Џесика Луис, генералот на американските копнени сили, Џејмс МекКонвил и претседателот на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Менендез.
Грчкиот генерал, меѓу другото, ја посети и базата Ф-35 на воздухопловната компанија „Локед Мартин“ во Тексас.