Adam Abu-bashal
15 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
АБУЏА (АА) - Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) соопшти дека за четири години 5,5 милиони луѓе се раселени поради зголемените терористички напади во регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жан-Клод Каси Бру, поранешниот претседател на Комисијата ЕКОВАС и новоименуваниот претседател на Комисијата, д-р Омар Алиу Турај, се состанаа во Абуџа, главниот град на Нигерија, за примопредавање на функцијата.
Бру нагласи дека еден од најважните проблеми на западноафриканските земји е тероризмот.
Истакнувајќи дека во последните четири години во регионот се раселени 5,5 милиони луѓе поради зголемените терористички напади, Бру додаде дека најмалку 14.500 луѓе ги загубиле животите во нападите.
Бру нагласи дека безбедносните проблеми во регионот се влошени во последните четири години, и упати повик до новоименуваниот претседател Турај да вложи повеќе напори за да се намали ширењето на тероризмот во регионот.