Ayhan Mehmet
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
АТИНА
Грчкиот свештеник Евангелос Папаниколау истакна дека да не ја заштитеа Турците „Аја Софија“, таа одамна ќе беше разрушена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи по обредот што се одржа во црквата „Аналипсеос“ во Рафина, близу главниот град Атина, Папаниколау рече: „Кој би заштитил голем објект како што е „Аја Софија“? Турците го заштитија.“
Папаниколау истакна дека Турците немаат затворено ниту една црква на Крит, а дека по наредба на Отонас многу манастири и цркви биле затворени во Грција.
Наведувајќи дека за време на владеењето на Турците луѓето можеле слободно да ја исповедаат својата религија, Папаниколау нагласи: „Затоа луѓето велеа: ‘Повеќе сакаме да гледаме турска чалма, отколку латински шешир‘. Ако се прашам јас, и двете да не се гледаат, ама ако морам да бирам едно од двете би ги избрал Турците.“
Грчкиот свештеник рече дека кога „Аја Софија“ беше музеј влегувале посетители со несоодветна облека, а отсега ќе се влегува без чевли, со долг фустан и со шамија. „Зарем не е тоа знак на почит? Можеби ова не треба да го сфатиме како проклетство, туку како една корекција“, порача грчкиот свештеник Евангелос Папаниколау.