Kasım İleri
11 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) – Во ракетниот напад врз воената база „Ал Таџии“ во Ирак, загинаа двајца американски војници, еден Британец, а повредени се 11 војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на коалицијата против ДЕАШ, предводена од САД, полковник Мајлс Кегинс истакна: „Коалицијата потврдува дека биле истрелани 15 мали ракети кон базата Таџи на 11 март во 07:35 часот (по локално време) каде што се наоѓале коалиционите сили.“
Кегинс не сподели информации за тоа дали има загинати и повредени при нападот. Американски официјални лица кои дале изјава за американските медиуми соопштиле дека во нападот загинале двајца американски војници и еден Британец, а има и 11 повредени.