Fahri Aksüt
11 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
РИМ (АА) - Бројот на починати од коронавирусот во Италија се зголеми на 827, со потврдени уште 196 смртни случаи во текот на изминатите 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на Цивилната заштита, Анџело Борели, изјави дека бројот на потврдени случаи со коронавирус се искачил на 10.590, додека вкупниот број на афектирани - вклучително смртни случаи и закрепнувања - достигнал 12.462.
Борели потврди дека во последните 24 часа се регистрирани 196 смртни случаи.
За да го сопре понатамошното ширење на вирусот, италијанската влада земјата ја претвори во црвена зона, ги затвори училиштата и универзитетите, а сите настани и собири беа откажани.
Новиот коронавирус се појави во Вухан, Кина, минатиот декември, а се рашири во 114 земји.
Бројот на починати достигна речиси 4.300, со околу 118.000 потврдени случаи, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), која коронавирусот го прогласи за глобална пандемија.