Mustafa Yıldırım
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
АФРИН/ИЗМИР (AA) - МУСТАФА ЈИЛДИРИМ -
Припадниците на Командата на турската жандармерија од Борнова и полициските специјални тимови, кои продолжуваат со активностите за пребарување во Африн, пронајдоа објект за рачна изработка на експлозив на терористичката организација ЈПГ/ПКК во селото Амбарли, кое е ослободено од терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжува операцијата во подрачјето на Африн, започната на 20 јануари од Турските вооружени сили, со цел неутрализирање на терористите на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, за осигурување на безбедноста и стабилноста на границите и регионот, и спас на братскиот и пријателски народ суровоста и опресијата на терористите во регионот.
Турските вооружени сили (ТСК), кои во рамките на операцијата од терористите го ослободија Африн, ги уништуваат рачно изработените експлозивни направи поставени во центарот на ова подрачје, и ги затвораат рововите направени од терористите.

Во овој контекст, припадниците на Командата на турската жандармерија во Борнова и полициските специјални тимови работат на откривање и уништување на експлозивите поставени од терористите, во селата Амбарли, Акбез, Корзлу, Хопол, Кодлаки и Шејх.
- Штала претворена во објект за рачно производство на експлозив -
Тимовите на командото и полицијата, кои ги проверуваат куќите и засолништата што ги користеле терористите во регионот угнетувајќи го населението, утврдиле дека терористичката организација во селото Амбарли користела штала како објект за изработка на експлозив.
Десет ТМ 57 противтенковски мини, пет рачно изработени експлозивни направи и три рачни беа уништени по претресот во шталата.
Со цел да се создаде ефект на шрапнели кај експлозивот, терористите при бегање ставиле експлозивен материјал и амониум нитрат во експрес-лонец, а исто така е пронајден и електричен детонаторски систем зајакнат со други експлозиви.
Голем број рачно изработени експлозивни направи појачани со мини и бомби беа уништени на контролиран начин.
Во селото Хопал, знамињата, симболи на терористите, беа тргнати и беа заменети со турското знаме од страна на командите.
Поставувањето на рачно изработен експлозив во градина во селото Кодлаки укажува на тоа дека животите на цивилите не се битни за припадниците на терористичката организација.
- „Се ослободивме од угнетувањето“ -
Командите кои вршат активности за пребарување во регионот, исто така, обезбедуваат здравствени услуги за локалното население.
Според објавените снимки, целата локална заедница е подложена на здравствен преглед каде што се дава приоритет на третманот на старите лица и децата.
Исто така, на снимките се гледа радоста кај жителите од Африн, ослободени од угнетувањето на терористите и пораки со благодарност до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.