Ekipa
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел минатата година сруши 2.220 куќи на палестински бедуини или побара уривање, тврдејќи дека ги немаат потребните дозволи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за внатрешна безбедност на Израел е соопштено дека речиси е удвоен бројот на куќи срушени во 2017 година во однос на претходната година, кога имало 1.158 срушени куќи.
Околу 70 отсто од сопствениците на споменатите куќи сами ги урнаа објектите, за да не се соочат со високи парични казни.
Палестинците тврдат дека израелските власти вршат притисок врз нив кога станува збор за рушењето на куќите.