Cansu Dikme
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
ВАРНА (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека гарантира продолжување на преговорите на Европската Унија (ЕУ) со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Јас сум гарант за продолжување на преговорите со Турција“, рече Јункер на заедничката прес-конференција по Самитот на лидерите на Турција и Европската Унија (ЕУ) во Варна.
Тој истакна дека Договорот за мигранти меѓу Турција и ЕУ се спроведува многу успешно.
„Договорот за мигранти меѓу Турција и ЕУ е успешен и даде конкретни резултати“, рече Јункер.
На Самитот, чиј домаќин беше премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, земјата која моментално претседава со ЕУ, учествуваше турскиот претседател Ердоган, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.