Cansu Dikme
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
ВАРНА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж дека тешкиот период во односите Турција-Европската Унија (ЕУ) е оставен во минатото, јавува Anadolu Agency (AA).
„Да се надеваме дека тешкиот период во односите Турција-ЕУ го оставивме зад нас“, рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека на Самитот на лидери на Турција и Европската Унија (ЕУ) во Варна е направен првиот чекор во однос на повторното воспоставување на довербата меѓу Турција и ЕУ.
„Се надевам дека денес, на ова место, сите ние заедно направивме прв чекор во однос на повторното воспоставување на довербата меѓу нас и ЕУ. Меѓутоа, не е доволно да се каже дека го направивме овој чекор, сега треба да се направи конкретен чекор“, рече Ердоган.