Meryem Göktaş,Cansu Dikme
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
АНКАРА (AA) - Заменик премиерот и гласноговорник на Владата на Турција, Бекир Боздаг, изјави дека Турција нема намера да донесува одлука во врска со протерување на руски дипломати, јавува Anadolu Agency (AA).
„Односите на Турција и Русија се позитивни и многу добри. Во таа смисла, Турција не планира да донесува било каква одлука против Русија“, рече Боздаг по состанокот на Владата на Турција во Анкара.
Соединетите Американски Држави (САД) и 14 земји членки на ЕУ донесоа одлука за протерување на руски дипломати, по труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија. Досега ширум Европа се протерани најмалку 43 руски дипломати.
- Операција „Маслинова гранка“ -
Во обраќањето пред новинарите, Боздаг истакна дека од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, Сирија, се неутрализирани вкупно 3.755 терористи.
„Турските сили и Слободната војска на Сирија ставија под контрола 332 локации, вклучувајќи 282 села и 50 стратешки точки“, рече Боздаг.
Додаде дека акцијата на турските сили во Африн уште не е завршена, нагласувајќи дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка" цивилите не беа жртви.
Истакна и дека во овој момент е важно споменатото подрачје да биде исчистено од мини и експлозивни направи.
Напомена дека турските организации како што се Турската црвена полумесечина, Турската агенија за управување со вонредни околности (АФАД) и Дијанет фондација, пружаат хуманитарна помош на жителите на тоа подрачје.
Се освнра и на Самитот на лидерите на Турција и ЕУ во Варна, Бугарија, изразувајќи надеж дека со самитот ќе бидат отворени нови врати за соработка на двете страни.
„Се надеваме дека со самитот ќе бидат отворени нови врати и дека нашите односи ќе бидат интензивирани#, рече Боздаг.
Нагласи дека Турција се противи на тоа да следуваат нови условувања за да стане полноправна членка на ЕУ.