Tevfik Durul
28 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
АТИНА
Авганистанско 13-члено семејство, што се наоѓало во бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос, под изговор дека неговите членови ќе бидат тестирани на новиот тип коронавирус (Ковид-19), од страна на Грција со присила биле качени на гумен чамец и истуркани кон Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Невладината организација „Aegean Boat Report“ со седиште во Норвешка на својата интернет-страница објави вест дека едно 13-члено семејство, меѓу кои имало и жени и деца, од страна на грчките официјални лица било извлечено од мигрантскиот камп во кој престојувало.
Грчките официјални лица под изговор дека ќе го тестираат авганистанското семејство на Ковид-19, повеќепати спровеле насилство врз членовите на ова семејство, и откако им ги заплениле личните работи, ги сместиле во гумен чамец.
Семејството азиланти чиј гумен чамец бил истуркан кон турските води е забележано од претставниците на турската Крајбрежна стража и во местото Ајвалик било извлечено на копно.
Во веста објавена на интернет-страницата на „Aegean Boat Report“ се наведува дека покрај фактот што повеќепати е документирано постојано истуркување на мигрантските чамци кон турските национални води од страна на грчките власти, овојпат мигрантите за првпат биле земени од кампот и со присила биле испратени кон Турција.