Балкан, Коронавирус

Хрватска: Регистрирани 356 новозаразени со коронавирусот, починаа 15 лица

- Во моментов во Хрватска се активни 3.213 случаи на зараза со коронавирусот. Од нив 762 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, а на респиратор се поврзани 67 заразени

Bojana Stojanovic  | 28.02.2021 - Обновена : 01.03.2021
Хрватска: Регистрирани 356 новозаразени со коронавирусот, починаа 15 лица

ЗАГРЕБ 

Во последните 24 часа во Хрватска се детектирани 356 новозаразени со коронавирусот, а во истиот период се регистрирани 15 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во моментов во Хрватска се активни 3.213 случаи на зараза со коронавирусот. Од нив 762 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, а на респиратор се поврзани 67 заразени.

Животот го загубија 15 лица заразени со Ковид-19.

Досега, во Хрватска се детектирани 242.973 лица позитивни на коронавирусот, од кои животот го загубија 5.526 заразени.

Вкупната бројка на оздравени лица изнесува 234.234, од кои 344 во последните 24 часа.

Моментално во самоизолација се наоѓаат 14.328 лица.

Во Хрватска досега се тестирани 1.344.652 лица, од кои 5.810 во последните 24 часа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın