Турција

Турција спаси 29 мигранти претепани од грчките војници

- Мигрантите се претепани, а грчките власти им ги одзеле парите, телефоните, па дури и чевлите, соопшти Министерството за одбрана на Република Турција

Ahmet Gençtürk  | 27.02.2021 - Обновена : 28.02.2021
Турција спаси 29 мигранти претепани од грчките војници Фото: Архива / АА

АНКАРА 

Турските безбедносни сили спасија 29 мигранти коишто биле претепани од грчките војници, кои им ги одзеле личните работи, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Република Турција, известува Агенција Анадолија (АА).

„Во најновиот случај, грчките војници брутално претепале 29 илегални мигранти. Одземени им се парите, телефоните, па дури и чевлите“, се вели во соопштението.

Мигрантите биле насукани на мал остров во близина на реката Марица.

„Од сведочењето на мигрантите се дознава дека грчките власти ги претепале и со сила им ги одзеле личните работи, а потоа со присила се обиделе да ги пратат во Турција“, се наведува во соопштението.

Турција е клучна транзитна рута за барателите на азил, кои планираат да стигнат во Европа, за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војните и судирите.

Во Турција се згрижени 4 милиони бегалци, вклучувајќи и 3,6 милиони Сиријци, што е повеќе од која било друга земја во светот.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.