Турција

НАТО ги пофали пешадиските командоси на Турција

- Република Турција стана членка на НАТО во 1952 година

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 28.02.2021 - Обновена : 01.03.2021
НАТО ги пофали пешадиските командоси на Турција

АНКАРА

Сојузничката команда на НАТО ги пофали турските пешадиски командоси, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Пешадиските командоси познати и под новото популарно име ‘Сини беретки’ во Турција претставуваат истакната пешадиска единица на нашиот сојузник“, објави Командата на НАТО на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Командата со седиште во источната турска провинција Измир задолжена е да овозможи ефикасност и интероперабилност на Алијансата во копненото војување.

„Специјализирани се за спроведување антитерористички активности, гранична безбедност и операции за ограничување на подрачјата во копнениот домен“, се наведува во соопштението на Командата на НАТО.

Република Турција стана членка на НАТО во 1952 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın