Tuba Şahin
27 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Март 2021
АНКАРА
Бројот на браковите склучени минатата година во Турција е на најниско ниво во последните 20 години, што е последица на забраната за собирање, венчавки и прослави, што е во сила поради коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Прв пат од 2001 година, бројот на паровите што се венчале падна под 500.000, покажаа податоците на Заводот за статистика на Турција, што ги собра Агенција Анадолија (АА).
Достигнувајќи максимум од 641.973 бракови во 2008 година, бројките паднаа за 10,1 отсто, односно на 487.270 во 2020 година.
Бројот на склопените бракови во однос на бројот на жителите беше 0,584 отсто минатата година, што е најниско од 2001 година.
Минатата година се разведоа 135.022 двојки, што е помалку за 13,8 отсто во однос на претходната година.
По првиот регистриран случај на коронавирусот во Турција на 11 март минатата година, преземени се превентивни мерки, со цел борба против вирусот.
Траењето на венчавањето е ограничено на еден час, а прославите со музика и сервирање храна не се дозволени.
Вкупно 30 лица, вклучувајќи и роднини, може да присуствуваат на венчавките и погребите.