Ekip
24 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
АНКАРА (АА) - Припадниците на терористичката организација ДЕАШ го зазедоа автопатот што ги поврзува Ирак и Јордан, потврди Ахмед aл-Дулеми, официјален претставник на ирачката полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Aл-Дулеми истакна дека припадниците на ДЕАШ зазеле дел од автопатот во градот Рутба, во западниот дел на Ирак.
„Милитантите поставија мини и експлозив на делови од патот што го контролираат“, изјави Aл-Дулеми за АА.
Припадниците на ДЕАШ вчера го нападнаа конвојот на ирачката војска во источниот дел на Рутба, при што загинаа 10 војници, а десетици се повредени.
Минатата недела, ирачките сили потпомогнати од воздушната коалиција што ја предводат САД, започнаа нова офанзива против припадниците на ДЕАШ во западниот дел на покраината Анбар.