Tayfun Salcı
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
ЛОНДОН (АА) - Приврзаници на терористичката организација ПКК насилно влегоа и го окупираа седиштето на организацијата „Амнести интернешнал“ (Amnesty International) во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Од организацијата за човекови права соопштено е дека околу 40 приврзаници на ПКК во текот на ноќта, петокот кон саботата, со примена на сила влегле и ја окупирале зградата.
При упадот, приврзаниците на ПКК го собориле обезбедувањето, а лондонската полиција потоа интервенирала и ги исфрлила прекршителите од седиштето на „Amnesty International“.
Приврзаниците на терористичката организација ПКК минатата недела на сличен начин се обидоа да го окупираат и седиштето на претставништвото на турската телевизија „TRT World“ во центарот на Лондон.
Обезбедувањето ги сопре прекршителите во фоајето на зградата, од каде што потоа ги презеде лондонската полиција.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ.
Британската полиција го толерира тоа што симпатизерите и припадниците на ПКК носат обележја на таа терористичка група, а за што британските закони предвидуваат и затворски казни во траење и до десет години.