Enes Canlı
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
ТРИПОЛИ (АА) – Извршен е вооружен напад врз Шераре, најголемото нафтено поле во јужниот дел на Либија, кое се наоѓа под контрола на единиците на генерал Халифа Хафтер, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори блиски до Хафтер, во изјавата за АА истакнаа дека сè уште неидентификувани лица извршиле вооружен напад на главната станица која припаѓа на нафтеното поле Шераре, кое се наоѓа под контрола на силите на Хафтер. Контролата е преземена за време на операцијата која силите на Хафтер ја започнаа врз јужниот дел на земјата, во февруари минатата година.
Соопштено е дека како резултат на нападот немало загинати ниту пак, е нанесена штета во нафтеното поле.
Нафтеното поле е цел на вооружен напад за прв пат од минатиот февруари, кога силите на Хафтер ја освоија власта во областа.
- Шераре, складиште за црно злато во јужна Либија -
Шераре, кое се наоѓа во јужниот дел на Либија, со капацитет од 315 илјади барели дневно производство, обезбедува една третина од вкупното производство на нафта во Либија.
Во декември 2018 година, со влегувањето на вооружените групи заедно со локалните граѓани во нафтеното поле, либиската Национална нафтена корпорација, која управува со производството и извозот на нафта во Либија, го прекина производството во Шераре.
Силите на Националната армија на Либија поврзани со Хафтер, за време на месец февруари минатата година, без судири ја презедоа контролата врз Шераре. Тие неколку пати ја повикаа Националната нафтена компанија на Либија да продолжи со производството на нафта.
Претседателот на Претседателството на Советот на Владата на национално единство на Либија (UMH), Фајиз ес-Сераџ, и водачот на вооружените сили во источниот дел на земјата, генерал Халифа Хафтер, во март, во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, се договорија за повторно започнување на производството на нафта во нафтеното поле.