Adel Bin Ibrahim Bin Elhady Elthabti,Zeynep Tüfekçi Gülay
26 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
ТУНИС (АА) - Претседателот на Парламентот на Тунис и претседател на Движењето „Нахда“, најголемата политичка партија во земјата, Рашид ел Гануши, ја отфрли синоќешната одлука на претседателот на државата Кајс Саид, кој ја суспендира работата на Парламентот и го разреши од функцијата премиерот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гануши го обвини претседателот Кајс Саид за државен удар и порача дека и Владата, а и Парламентот, и понатаму се на должност.
Припадниците на Војската на Тунис во текот на ноќта не дозволија влез во Парламентот на пратениците ниту на претседателот на ова тело, Гануши.
Претседателот Кајс Саид, синоќа, тврдејќи дека на земјата ѝ е потребна вонредна состојба поради лошата ситуација во врска со корупцијата, ја суспендира работата на Парламентот и го разреши премиерот од должноста.
Наспроти тоа, претседателот на Собранието, Гануши, ги повика туниските граѓани на мирна борба против ваквите одлуки.
Ријад Шуаџби, еден од водечките луѓе на Движењето „Нахда“, за АА изјави дека претседателот ќе биде одговорен за последиците од неговите одлуки.
Тој ги повика граѓаните и институциите да не ги спроведуваат овие одлуки.