свет

Јапонија реагира на посетата на рускиот премиер Мишустин на Курилските Острови

„Посетата на Мишустин противречи на постојаниот став на Јапонија кон Северните Острови и е многу несреќна“.

Ahmet Furkan Mercan  | 26.07.2021 - Обновена : 27.07.2021
Јапонија реагира на посетата на рускиот премиер Мишустин на Курилските Острови

ТОКИО (АА) - Јапонија ја опиша посетата на рускиот премиер Михаил Мишустин на Курилските Острови како „прилично несреќна“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот секретар на Кабинетот, Като Катцунобу, на прес-конференција реагираше на посетата на Мишустин на островот Еторофу дел од Курилските Острови, северно од Хокаидо.

Като истакна дека посетата на Мишустин „противречи на постојаниот став на Јапонија кон Северните Острови и е многу несреќна“.

Од друга страна, Като додаде и дека Јапонија ќе упати протестна нота до Русија поради посетата.

Мишустин, кој дојде на Еторофу како дел од неговата 4-дневна посета на Далечниот Исток и Сибир, ја посети болницата и центарот за преработка на морска храна на островот.

Повикувајќи се на јапонската Влада, новинската агенција „Кјодо“ пренесе дека Токио побарал премиерот Мишустин да се воздржи од посета на островите.

- Спорот за Курилските Острови меѓу Русија и Јапонија -

На крајот на Втората светска војна во 1945 година, Советскиот Сојуз ги анектираше Курилските Острови, што се протегаат на околу 1.300 километри и го делат Тихиот Океан од Охотското Море.

По анексијата, поради спорот околу копнената област што Јапонија ја нарекува „Северни Региони“, меѓу Русија и Јапонија се водат преговори за потпишување мировен договор. Но, страните не можат да постигнат резултати во преговорите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın