Ekipa
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
БАГДАД (АА) - Националното движење за мудрост на Амар ал Хаким во Ирак соопшти дека ќе застане во опозициските редови против Владата на Адил ел Мехди, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Националното движење за мудрост се истакнува дека на состанокот на Движењето разгледани се условите во земјата и општата грижа за ирачкиот народ.
Националното движење објави дека ќе застане во редовите на опозицијата против Владата на Адил ел Мехди, и дека ќе направи сè за да ја исполни таа улога на национално ниво.
Прекините на електрична енергија, особено на југот на Ирак, кога температурата на воздухот достигнува 50 Целзиусови степени, многу негативно влијаат кај луѓето и реакциите во таа насока се зголемуваат.
Движењето, предводено од Амар ал Хаким, е првиот шиитски политички состав кој стана опозиција на Владата на Адил ел Мехди, која во декември минатата година доби доверба во Парламентот.
Националното движење за мудрост има 19 пратеници во ирачкиот Парламент, кој се состои од 329 места.