Burak Bir
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Салах Кашоги на Денот на татковците се присети на брутално убиениот татко Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Салах на Твитер објави кратка и впечатлива порака „Среќен Ден на татковците“ и се присети на својот татко и новинар, кој свирепо беше убиен на 2 октомври минатата година во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Денот на татковците низ светот се одбележува третата недела од јуни, со цел укажување на важноста на татковството и воспитанието врз развојот на индивидуите и општествата.
Деталите за бруталното убиство на саудискиот новинар Кашоги сè уште не се расветелени. Турското обвинителство откри дека тој бил брутално задавен по влезот во Конзулатот и дека неговото тело е распарчено и уништено.
Властите на Саудиска Арабија подоцна признаа дека Кашоги е убиен и дека не го напуштил Конзулатот, како што првобитно тврдеа. Потоа подигнаа обвиненија против 11 осомничени за убиство, а тамошното Обвинителство бара изрекување на смртни казни за пет првообвинети.