Hamdi Yıldız
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти испратија предупредувања до Палестинците што живеат во областа Исевије да ги напуштат своите домови, и покрај одлуката на судовите за замрзнување на проектот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од информативниот центар „Вади Хилва“, Израел на Палестинците им дал рок од 2 дена.
Дозволени се два дена за евакуација на палестинските куќи. Врз земјиштето каде што ќе бидат срушени куќите ќе биде изградена еврејска Талмуд градина.
Ова не е прва практика на Израел која не ги почитува човековите права и судските одлуки. Општината Ерусалим претходно уништи многу домови на Палестинците за сличен проект во областа Силван, во близина на месџидот „Ал Акса“.
Организациите за човекови права и Палестинците кои живеат во Ерусалим нагласуваат дека израелската администрација е многу великодушна во издавањето дозволи на еврејските доселеници за градење објекти, а од друга страна, презема чекори за намалување на бројот на арапските градби во Источен Ерусалим.