Canberk Yüksel
30 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ЊУ ЏЕРСИ (АА) - Турската фондација „Маариф“, која е една од главните институции во борбата против меѓународната мрежа училишта на терористичката организација ФЕТО, одржа презентација во објектот на Академијата Маариф Мирај, во Клифтон, Њу Џерси. Оваа академија е првото училиште во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Проф. д-р Ашкин Асан, член на советот на турската фондација „Маариф“, одржа презентација пред присутните за работата на училиштето кое ќе биде ставено во функција како пилот-програма во новата училишта година.
Во изјава за АА, Асан истакна дека училиштето во САД има мошне значајна мисија, и додаде: „Пред да стигнеме тука, направивме една анализа за потребите и очекувањата на нашите граѓани, но и на овдешната муслиманска заедница. Потребата за училиште беше најважна. Почнавме со работа и се трудевме да го направиме најдобриот чекор. Потоа оние што сакаат да ги образуваат своите деца, особено турските граѓани, ќе ги доведат децата кај нас“.
Тој истакнува дека училиштето ќе нуди основно образование, и раскажа дека ова произлегло како резултат на соработката со Академијата Мирај (Miraj Akademi), а ќе биде пилот-проект за една година. Според неа, училиштето со капацитет од 250 деца наредната година ќе се префрли во поголема зграда.
Исто така, Асан нагласи дека фондацијата „Маариф“ и понатаму ќе ги проширува активностите во САД, каде што по ова, нивната цел ќе биде да се отворат студентски домови.
Од друга страна, претседателот на Управниот одбор на Академијата „Маариф Мирај“, Јавуз Орта, истакна дека со училиштето кое ќе нуди образование и во областа на исламските науки, со цел да се елиминира недостигот од овој вид образование во турско-американската заедница.
„Имаме убави ресторани, но немаме училиште. За жал, по ова прашање сме останале многу назад. Ова училиште што го гледате вечерва е првото турско национално училиште во вистинско значење на зборот што се отвора во Америка. Дејствувајќи заедно со Академија Мирај, ќе реализираме една пилот-програма. Истовремено ќе ја формираме и нашата инфраструктура. Имаме многу квалитетни учители и ќе се интересираме за секој од нашите ученици“, додаде Орта.