Турција

Турција додели 75 милиони долари на фондацијата „Маариф“

Турската фондација „Маариф“ е надлежна за образованието на 9.633 ученици во 108 училишта надвор од Турција. Фондацијата презеде 76 училишта, кои ги посетуваат 8.506 ученици

Fatih Hafız Mehmet  | 24.06.2018 - Обновена : 24.06.2018
Турција додели 75 милиони долари на фондацијата „Маариф“

Ankara

АНКАРА (АА) - За турската фондација „Маариф“ доделени се вкупно 351 милиони турски лири (75 милиони долари). Износот ќе биде префрлен во фондацијата „Maариф“ од буџетот на Министерството за образование, јавува Аnadolu Agency (AA).

Турција ја основа фондацијата „Маариф“ (ТМФ) во 2016 година, по обидот за државен удар, со цел да се преземе администрацијата на странските училишта поврзани со ФЕТО.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач од САД, Фетула Ѓулен, организираа обид за државен удар на 15 јули 2016 година. ФЕТО стои и зад долготрајните кампањи за рушење на државата преку инфилтрирање на своите членови во турските институции, особено во Армијата, полицијата и судството.

Турската фондација „Маариф“ е надлежна за образованието на 9.633 ученици во 108 училишта надвор од Турција. Фондацијата презеде 76 училишта, кои ги посетуваат 8.506 ученици во Гвинеја, Сомалија, Судан, Демократска Република Конго, Мали, Мавританија, Нигер, Тунис, Сенегал и Чад, а кои беа поврзани со терористичката организација ФЕТО.

Во 11 земји беа отворени 32 нови училишта, со цел да се отстранат потребите на турската дијаспора за учење и формирање на алтернативни училишта во областите каде што беше потребно. Во училиштата во Гамбија, Сиера Леоне, Џибути, Сао Томе и Принсипе, САД, Косово, Авганистан, Грузија, Босна и Херцеговина, Танзанија и Македонија, наставата ја посетуваат 1.127 ученици.

Исто така, беа потпишани и протоколи со институции во 25 земји за преземање на училиштата поврзани со ФЕТО и отворање нови институции.

Свои претставници, Фондацијата има во САД, Авганистан, Германија, Албанија, Австралија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бурунди, Чад, Џибути, Етиопија, Франција, Габон, Гамбија, Гвинеја, Јужна Африка, Грузија, Ирак, Камерун, Демократска Република Конго, Косово, Кувајт, Ирак, Мадагаскар, Македонија, Мали, Мавританија, Нигер, Пакистан, Романија, Сао Томе и Принсипе, Сенегал, Сиера Леоне, Сомалија, Судан, Сирија, Танзанија, Тунис и Јордан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın