Alaattin Doğru
21 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Челникот на Турската Фондација Маариф (ТМВ) Хасан Јавуз со преземањето на контролата врз училиштата поврзани со терористичката организација ФЕТО во Африка изјави дека е скршено лобито на таа терористичка мрежа на тој континентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за АА, Хасан Јавуз рече дека процесот на преземање на поврзани со терористичката организација ФЕТО трае во сите делови на светот. Тој објасни дека станува збор за училишта кои пред 15 години се отворени со пари од турскиот народ, а во меѓувреме ФЕТО тие установи ги користел за проширување на својата мрежа во светот, и отфрлува каква било иницијатива која не е под негова апсолутна контрола и интерес.

Истакнувајќи дека ФЕТО ја злоупотребил Турција и развил мрежа во многу земји во светот слична на мафијата, преку која ја започнува кампањата против Турција и нејзините претставници.
„Со овие опасни работи првпат се сретнав во 2016 година кога во име на фондацијата Маариф бев во посета на Гвинеја поради преземање на некои од училиштата во кои поддржувачите на ФЕТО ширеа лаги дека обидот за воен удар во Турција го направил претседателот Реџеп Таип Ердоган, и дека сега ги брка муслиманите, и Турција ја претвора во затвор на отворено. Некои официјални лица и родители на децата кои ги посетуваа овие училишта беа убедени во оваа опасна лага“, рече Јавуз, додавајќи дека негативните последици од оваа кампања се отстранети при посетата на Ердоган на тој африкански регион.
- Гвинеја е првата земја што на Маариф му ги предаде училиштата поврзани со ФЕТО -
„За време на разговорите со официјалните претставници на Гвинеја ветивме дека родителите и децата нема да бидат оштетени во ниту еден поглед при преземањето на овие училишта. Ветивме и дадовме збор дека локалниот наставен кадар ќе продолжи да работи во овие училишта. Беше договорено дека и наставниот план ќе биде во согласност со наставните планови и програми во двете земји“, рече Јавуз.
Истакнувајќи дека во разговорите со африканските претставници секогаш истакнувал дека ФЕТО е опасна и злобна терористичка организација, исто как Боко Харам и Ал Шабааб кои се познати на африканската јавност, Јавуз истакна дека официјалние лица на Гвинеја брзо ја сфатиле пораката и дека први во Африка на Маариф му ги предадоа сите установи поврзани со ФЕТО.
- Јавуз: Нашиот пристап е да се најдат решенија -
Како вршител на должноста претседател на Фондацијата Маариф, Јавуз досега посетил 33 африкански земји и во разговор со официјалните лица на пет земји веќе на полугодието од минатата учебна година ја презеде контролата врз училиштата поврзани со терористичката организација водена од Фетула Ѓулен, која во јули минатата година во Турција изврши обид за воен удар.
Нагласувајќи дека ги игнорирал заканите кои ги добивал, Јавуз рече дека фондацијата Маариф со посветена работа на терен дојде до резултати, бидејќи го застапувала пристапот н пронаоѓање решенија што се од корист за сите.
„Лидерите на земјите кои ги посетив, ги прашав дали земјиштето и дозволите за училиштата пред 15 години ги дале на Турција и на нејзиниот народ, или на терористичката организација ФЕТО. Им реков дека Турција со нејзиниот претседател Ердоган бараат училиштата да се вратат назад под контрола на Турција и нејзиниот народ“, рече Јавуз.
Во 36 од 54 земји од Африка постоеле училишта поврзани со терористичката организација ФЕТО, а овие училишта во пет земји веќе се предадени на управување на Фондацијата Маариф. Договор за преземање на тие училишта Маариф постигна и во други 14 африкански земји, а преговорите се во тек и во седум други земји.
Јавуз, исто така рече дека преземањето контрола на училиштата поврзани со ФЕТО во секоја африканска земја, претставува дел од борбата против истоимената глобална терористичка мрежа.
„Кога ќе постигнеме договор за преземање на овие училишта во некои земји, раководството на ФЕТО ги отстранува турските знамиња од зградите и поставува знамиња на трети земји со цел да се создаде лажна слика, сакајќи да нè спречи да ги преземеме овие установи. Се вклучуваат дури и странски разузнавачки служби за да се спречи овие училишта да бидат под контрола на Турција. Меѓутоа, сето тоа не им носи корист, бидејќи ние водиме и континуирани и конкретни преговори со одговорните лица во овие земји“, рече Јавуз.
Јавуз исто така нагласи дека во процесот кој Маариф го води во Африка и во други делови на светот, на виделина излегуваат сите кои ја поддржуваат терористичката мрежа ФЕТО, и порача дека Турската Фондација Маариф ги добила преговорите во Африка и го скршила лобито на таа терористичка организација.
Укажувајќи на поддршката на некои странски кругови и практиката на ФЕТО да ги инфилтрира своите поданици во бирократскиот апарат во земјите во коишто делува, Јавуз рече дека имало одредени проблеми во преземањето на ФЕТО училиштата во земјите како Нигерија, Кенија, Руанда и Јужноафриканската Република, но дека пријателските народи на овие земјиќе ја препознаат искрената намера на Турција, барајќи од своите лидери да ги неутрализираат терористичките елементи на ФЕТО во своите дворови.
Терористичката организација ФЕТО во 70-те започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции во Турција, за да во 80-тите години ги интензивира своите паралелни пирамиди во институциите за на крај, на 15-ти јули минатата година, да изврши неуспешен обид за воен удар со цел нарушување на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
Според последните податоци, во вкупно 113 земји во светот, делуваат повеќе стотици училишта и образовни установи поврзани со терористичката организација ФЕТО.