Ekipa
21 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Бројот на нуклеарни боеви глави во светот се намалува, но како што е наведено од страна на Меѓународниот истражувачки институт за мир од Стокхолм (СИПРИ), изгледа дека Кина, Индија, Северна Кореја и Пакистан ги зголемуваат нуклеарните арсенали, пренесува Anadolu Agency (AA).
СИПРИ наведува дека од јануари 2017 година, САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја имаат вкупно 14.935 парчиња нуклеарно оружје, што е помалку од минатата година, кога бројот бил 15.395.
Агенцијата во својот годишен извештај предупредува дека на податоците од Северна Кореја не може да им се верува.
„Последните чекори во областа на нуклеарното разоружување се охрабрувачки“, вели Шенон Кили, шеф на нуклеарниот проект на овој институт, осврнувајќи се на договорот на ОН за забрана на нуклеарното оружје, кој беше одобрен во јули оваа година.
„Таканаречениот договор за забрана е потенцијално важен чекор на долгорочниот пат кон нуклеарното разоружување“, додаде тој.