Çağrı Koşak
15 Јули 2021•Ажурирај: 15 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц, рече дека најголемата закана за Израел е тоа што Иран поседува нуклеарно оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според израелскиот весник „Једиот Ахронот“ (Yedioth Ahronoth), Ганц имал свое обраќање на церемонија во воената база Дајан во близина на Тел Авив, при што рекол дека Израел се соочува со одредени тешкотии.
Ганц нагласи дека Средниот Исток поминал низ радикална промена, набројувајќи ги некои од тешкотиите, како заканите кои доаѓаат од Сирија и улогата на Иран во нив.
Тој порача дека треба да бидат подготвени за овие закани, и додаде: „Нуклеарното вооружување на Иран е најголемата закана со која се соочуваме. Немаме друга опција освен да ја зголемиме нашата моќ.“