свет

Нетанјаху најави изградба на нови 5.000 станбени единици во Источен Ерусалим

Со изградбата на нови станбени единици на подрачјето на Хар Хома ќе дојдат додатни 10.000 Евреи, со 40.000 колку што моментално живеат на тоа подрачје

Mustafa Deveci  | 20.02.2020 - Обновена : 20.02.2020
Нетанјаху најави изградба на нови 5.000 станбени единици во Источен Ерусалим

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави изградба на 5.200 нови станбени единици во две нелегални еврејски населби во окупираниот Источен Ерусалим, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Нетанјаху зборуваше за новиот план за изградба на станбени единици во близина на нелегалната еврејска населба Хар Хома, во Источен Ерусалим (Кудс).

Израелскиот премиер изјави дека 2.200 станбени единици ќе бидат изградени во Хар Хома, а 3.000 во нелегалната еврејска населба Гиват Хаматос.

Израелските медиуми наведуваат дека со изградбата на нови станбени единици на подрачјето на Хар Хома ќе дојдат додатни 10.000 Евреи, со 40.000 колку што моментално живеат на тоа подрачје.

Одлуката на Нетанјаху доаѓа пред предвремените избори во Израел, планирани за 2 март.

Според податоците на Израелската организација за заштита на човековите права „Пис нау“ (Peace Now), во окупираниот Источен Ерусалим постојат 13 нелегални еврејски населби во кои живеат повеќе од 215.000 еврејски доселеници.

Меѓутоа, според податоците на невладините организации, израелските власти од окупацијата од 1967 година на Западниот Брег изградија повеќе од 250 нелегални еврејски населби во кои живеат повеќе од 400.000 еврејски доселеници. Станува збор за населби кои меѓународното право ги третира како нелегални.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.