свет

„Во Идлиб, денеска и неколку недели се доживува една од најлошите човечки драми...“

Yusuf Özcan  | 20.02.2020 - Обновена : 21.02.2020
„Во Идлиб, денеска и неколку недели се доживува една од најлошите човечки драми...“

ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека остро ги осудува неколкунеделните напади на режимот на Башар ал Асад врз цивилното население во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).

Макрон пред почетокот на „Самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ)“ што се одржува во Брисел, даде изјава за медиумите.

Наведувајќи дека тоа што се случува во Идлиб не може да се игнорира, Емануел Макрон рече: „Во Идлиб, денеска и неколку недели се доживува една од најлошите човечки драми. Остро ги осудувам неколкунеделните напади на режимот на Башар ал Асад врз цивилното население во Идлиб.“

Макрон исто така изјави дека во Идлиб целта на нападите се цивилното население и здравствените центри.   

Истакнувајќи дека треба да се води борба против терористите, францускиот претседател Макрон рече дека за ова прашање сака да се донесе одлука со 27-те земји членки на ЕУ.  

Макрон упати повик до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) да преземе одговорност за ова прашање. „Ништо не може да биде причина да не се почитува меѓународното хуманитарно право“, порача Макрон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.