свет

Бројот на загинати во демонстрациите во Ирак од октомври се искачи на 566

Во последните две недели, за време на демонстрациите кои започнаа поради невработеноста, корупцијата и недостигот на основната инфраструктура, загинаа вкупно 10 лица, од кои еден новинар и 9 демонстранти

İdiris Okuduci  | 20.02.2020 - Обновена : 21.02.2020
Бројот на загинати во демонстрациите во Ирак од октомври се искачи на 566

ИСТАНБУЛ (АА) - Членот на Ирачкиот независен висок комесаријат за човекови права, Али Бејатли, соопшти дека бројот на загинати во антивладините демонстрации што траат со месеци се зголеми на 566, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за дописникот АА, Бејатли рече дека во последните две недели, за време на демонстрациите кои започнаа поради невработеноста, корупцијата и недостигот на основната инфраструктура, загинале вкупно 10 лица, од кои еден новинар и 9 демонстранти.

Според тоа, во демонстрациите што траат од 1 октомври 2019 година бројот на загинати се зголеми на 566, а повредени се околу 24.000 лица, од кои 4.000 се припадници на безбедносните сили.

Наведувајќи дека бројот на демонстранти или активисти киднапирани од неидентификувани лица е 79, Бејатли рече дека само 22 од нив се ослободени.

Тој исто така посочи дека бројот на демонстрантите кои биле приведени и ослободени е 2.768, и дека 38 лица се сѐ уште во притвор.

Членот на Ирачкиот независен висок комесаријат за човекови права во изјавата дадена на 3 февруари истакна дека бројот на луѓе кои загинале во антивладините протести изнесува 556.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.