Muhammet Kurşun
22 Февруари 2020•Ажурирај: 22 Февруари 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Кијануш Џиханпур од Министерството за здравство на Иран истакна дека во земјата е откриен вирусот „Ковид-19" кај уште 10 лица, и дека бројката на починати се искачи на 5 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Џиханпур во изјава за иранската државна телевизија нагласи дека во земјата е откриен вирусот „Ковид-19" кај вкупно 28 лица.
Тој рече дека како резултат на овој вирус, вкупно починале 5 лица.
Според Џиханпур, од вкупно 10 откриени нови случаи, 8 се откриени во Кум, додека 2 во Техеран.