Elena Teslova
28 Ноември 2024•Ажурирај: 29 Ноември 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес предупреди дека доколку Западот даде нуклеарно оружје на Украина, Русија ќе одговори со сето расположливо оружје, јавува Анадолу.
Говорејќи на прес-конференција во главниот град на Казахстан, Астана, Путин вети дека ќе спречи „појава“ на нуклеарно оружје во Украина.
„Во овој случај, (ако Украина добие нуклеарно оружје од Запад), ние ќе користиме сè, сакам да го истакнам ова, сите средства за уништување со кои располага Русија. Толку... не можеме да го дозволиме тоа“, изјави Путин пред новинарите, коментирајќи за можните идни акции на Русија доколку Киев добие нуклеарно оружје.
Американските медиуми вчера тврдеа дека некои американски и европски претставници се залагаат за обезбедување на Украина со атомско оружје.