Ekipa
12 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
ТИРАНА (АА) - Постигнат е договор Канадскиот технолошки институт во Албанија, во чии рамки работат два факултета со 420 студенти и околу 50 академици, да биде пренесен под управа на Турската Фондација Маариф, јавува Anadolu Agency (AA).
Канадскиот технолошки институт во Албанија е основан во 2011 година, од страна на еден катарски инвеститор, а во рамките на оваа институција работат два факултета со 420 студенти и околу 50 академици. Како резултат на остварените состаноци, постигнат е договор овој институт да биде префрлен под надлежност на Фондација Маариф. Во седиштето на Фондацијата Маариф во Истанбул, потпишан е протокол на добра волја меѓу сопствениците на Институтот и претставниците на оваа фондација.
Со прелиминарниот протокол и договор, Турската фондација Маариф првата универзитетска институција во светот ќе ја преземе под своја управа во Албанија. Во учебната 2017-2018 година се планира да биде постигната целта од 600 студенти на универзитетот каде што во учебната 2016-2017 година на два факултета студираа 420 студенти и работат околу 50 академци. Продолжува разработката на деталите во врска со процесот на отворање нови факултети и нивната акредитација.
- Продолжува истрагата за други училишта -
Продолжува истрагата за други училишта што поседуваат лиценца за образование во Албанија. Во овие рамки продолжуваат средбите за трансферирање на постоечките училишта што поседуваат лиценца за основно и за средно образование, како и студенти.
Турската фондација Маариф и понатаму работи на создавање алтернативни образовни институции во Албанија, како и префрлање на децата кои учат во училиштата на терористичката организација ФЕТО. ФЕТО која Балканот го гледа како база, во Албанија поседува 12 образовни институции.