Handan Kazancı
04 Јануари 2023•Ажурирај: 05 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Волтер Канингем, последниот астронаут од првиот лет на НАСА со екипаж во вселената во 1968 година, почина на 90-годишна возраст, објави денеска американската вселенска агенција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Канингем, чија мисија „Аполо 7“ од 1968 година го отвори патот за првото слетување на човекот на Месечината неколку месеци подоцна во 1969 година, почина вчера изутрина во Хјустон“, се вели во соопштението на НАСА.
„Волт Канингем беше воен пилот, физичар и претприемач - но пред сè, тој беше истражувач. Со „Аполо 7“, првото лансирање на мисијата „Аполо“ со екипаж, Волт и неговите колеги влегоа во историјата, отворајќи го патот за генерацијата „Артемида“ што ја гледаме денес“, рече администраторот на НАСА, Бил Нелсон.
„НАСА секогаш ќе се сеќава на неговиот придонес во вселенската програма на нашата земја и упатува наше сочувство до семејството Канингем“, додаде Нелсон.
По неговата смрт, семејството на Канингам, исто така, му оддаде почит на починатиот астронаут: „Сакаме да ја изразиме нашата огромна гордост за животот што го живееше и нашата длабока благодарност за човекот што беше - патриот, истражувач, пилот, астронаут, сопруг, брат и татко. Светот изгуби уште еден вистински херој и тој многу ќе ни недостига.“
Роден во Ајова во 1932 година, Канингем дипломира Физика во 1960 година и магистрира Физика во 1961 година на Универзитетот во Калифорнија. Во 1974 година, тој го завршува својот докторат по физика на Факултетот за бизнис на Харвард.
Канингем се приклучи на морнарицата во 1951 година и лета во 54 мисии како ноќен борбен пилот во Кореја, според соопштението на НАСА.
„Канингем има повеќе од 4.500 часа лет во 40 различни авиони, вклучително и повеќе од 3.400 часа во млазни авиони“, се додава.
Во 1963 година, тој беше избран за член на третата класа на астронаути на НАСА. Канингам служеше како резервен пилот на лунарниот модул за „Аполо 1“ и дел од главниот екипаж за откажаната мисија „Аполо 2“ пред да биде вклучен во екипажот на „Аполо 7“.
За тестирање на првиот лет со екипаж на вселенското летало „Аполо“, „Аполо 7“, тој беше избран за пилот на лунарниот модул за 11-дневната мисија.
„Со Волтер М. Шир, Џр. и Дона Ф. Ајзел ги тестираа маневрите неопходни за приклучување и средба во орбитата на Месечината користејќи ја третата фаза од нивната ракета-носач „Сатурн ИБ““, се вели во соопштението на НАСА, и се додава:
„Екипажот успешно заврши осум теста, палејќи го моторот на сервисниот модул, мерејќи ја точноста на перформансите на сите системи на вселенски летала и овозможувајќи го првото телевизиско емитување на активностите на екипажот на бродот.“
Членовите на „Аполо 7“, меѓу кои и Канингем, ја добија специјалната награда „Еми“ од Националната академија за телевизиски уметности и науки.
„Летот од 263 часа и 4,5 милиони милји заврши на 22 октомври 1968 година со слетување во водите на Атлантскиот Океан“, се додава.