Şerife Çetin
03 Февруари 2019•Ажурирај: 04 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во белгискиот град Анверс вчера е извршен вооружен напад. Во нападот се ранети три лица, од кои едното лице им подлегнало на повредените. Приведено е едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во белгискиот печат, од тројцата ранети во нападот извршен вчера, едно лице им подлегнало на повредите.
Полицијата на Анверс соопшти дека sе приведени три лица.

Квартот Бредерод во градот Анверс е познат како место во кое живее голем број население со турско потекло. Во тој кварт две лица, за кои е откриено дека се татко и син, отвориле оган врз двајца млади турски државјани со кои биле во дијалог.
Во пукотницата ранети се три лица, од кои две потешко. Третиот повреден бил турски државјанин кој се обидувал да ја смири ситуацијата.
Денеска се очекува осомничените да бидат изведени пред суд.