Ali Murat Alhas
03 Февруари 2019•Ажурирај: 05 Февруари 2019
ХАТАЈ (АА) - Турската хуманитарна организација, со седиште во Истанбул, денеска продолжи со дневната дистрибуција на 500.000 парчиња леб на сириските семејства зафатени од војната.
Во изјавата за Anadolu Agency (AA), Селим Тосун, претставникот на турската хуманитарна организација ИХХ за Сирија истакна дека лебот е основната храна во Сирија.
Тој рече дека Организацијата има свои пекарници во јужните турски области Килис и Хатај, во близина на границата со Сирија, во кои секојдневно се произведува леб.
„Заедно со 22 вработени, работиме дење и ноќе. Вреќите брашно обезбедени од донатори ги претвораме во леб и ги испраќаме до семејствата. Околу 500.000 парчиња леб се дистрибуираат до семејствата во Идлиб, централниот град Африн и подрачјето на Туркменската Планина“, додаде тој.

Тосун нагласи дека во 2018 година за семејствата во Сирија поделиле вкупно околу 270 милиони парчиња леб.
Турската организација ИХХ спроведува хуманитарни проекти за Сирија откако започнаа судирите во земјата во 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад ги разби демонстрациите со неочекувана свирепост.
Од ослободувањето на Африн во март минатата година, преку турската офанзива „Маслинова гранка“, Организацијата дели топла храна до околу милион Сиријци.
Во јануари 2018 година Турција започна офанзива во Сирија, со цел расчистување на Африн од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ.