Hakan Çopur
28 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Курт Волкер, специјалниот претставник за Украина на претседателот на САД, Доналд Трамп, поднесе оставка поради украинската криза која резултираше со истрага за отстранување на Трамп од функцијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на американските медиуми, Волкер, кој од 2017 година ја вршеше функцијата специјален претставник за Украина, поднел оставка.
Името на Волкер беше споменато во украинската криза која резултираше со истрага за отстранување на Трамп од функцијата.
Министерството за надворешни работи на САД сè уште не даде изјава во врска со оваа тема.