Talha Yavuz
04 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
КИЕВ (АА) - Фатено е лицето што влезе во зградата на Владата со рачна бомба во Киев, главниот град на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на украинската полициска служба, Игор Клименко, истакна дека лицето што влегло во владината зграда со рачна бомба е приведено.
Клименко исто така додаде дека ова лице било поранешен војник и се борело и било рането во регионот Донбас, и дека на него може да му биде изречена казна затвор до 15 години.
Инаку, Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека едно лице се заканило дека ќе активира предмет сличен на бомба што го извадил од својот џеб околу 10 часот наутро.
Во соопштението беше наведено дека полицијата започнала специјална акција и дека разговара со напаѓачот, чиј идентитет сè уште не е утврден.