Bayram Altuğ
27 Септември 2019•Ажурирај: 29 Септември 2019
ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации (ОН) ја повикаа египетската влада да ги почитува демонстантите, изразувајќи загриженост поради апсења од големи размери во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Високата комесарка на Обединетите нации (ОН) за човекови права Мишел Бачелет во соопштение потсети дека египетските власти на правото на граѓаните на мирно собирање.
„Ја потсетувам египетската влада дека според меѓународно право луѓето имаат право на мирен протест”, наведе Бачелет.
Додаде дека добила информации дека пред, во текот и по протестите одржани на 20 и 21 септември се уапсени преку две илјади лица меѓу кои се наоѓаат адвокати, борци за човекови права, политички активисти, академици и новинари.
Изрази загриженост поради недостаток и проблем во правните процеси кои следуваа по апсењата од големи размери поврзани со протестите.
„Поради тоа апелираше до египетските власти во потполност да го почитуваат правото на слобода на изразување и мирно собирање во согласност со меѓународните норми и стандарди. Демонстрантите имаат право да го изразуваат своето мислење, вклучувајќи ги и социјалните медиуми”, додаде таа.
Истакна дека и безбедносните сили во текот на интервенцијата против демонстрантите мораат да се однесуваат во согласност со највисоките меѓународни стандарди.
„Според тоа, сите уапсени и притворени, кои само ги бара своите права, мораат веднаш да бидат пуштени”, рече Бачелет.
Повеќе од 350 лица се уапсени ширум Египет по најновиот бран демонстрации против претседателот на оваа земја, Абдел-Фатах ал-Сиси, соопшти невладината организација Египетска комисија за права и слободи со седиште во Каиро.
Според соопштението на оваа организација, во текот на протестите кои започнаа минатиот петок уапсени се 356 лица.
Махџенур Ел-Масри, египетски активист и адвокат кој се бави со човекови права, како и бројни новинари и студенти се наоѓаат меѓу уапсените, се наведува во соопштението.
Стотици демонстранти излегоа на улиците во центарот на Каиро и во неколку градови минатиот петок за да протестираат против Сиси, некогашниот армиски генерал кој во 2014 година ја презеде претседателската функција, откако е соборен демократски избраниот претседател на Египет, Мухамед Морси.
Протестите се организирани по повикот кон Сиси да даде оставка од позицијата претседател, кој го упати Мухамед Али, бизнисмен кој го обвини за корупција Сиси и војската.