Davut Çolak
21 Февруари 2018•Ажурирај: 22 Февруари 2018
КОПЕНХАГЕН (AA) - Со дискретен погреб, во присуство на само 60 гости, беше погребан данскиот принц Хенрик, јавува Anadolu Agency (AA).
Сопругот на данската кралица Маргарет II почина на 13 февруари на 84-годишна возраст, а погребната миса се одржа во катедралата Кристиансборг, по волјата на принцот без вообичаени почести.
На погребот присуствуваа 60 претставници, меѓу кои и членови на кралското семејство, претседателот на данскиот Парламент, шефот на Владата на таа земја и францускиот амбасадор во Копенхаген.
Бидејќи немаше официјална церемонија, на погребот не беа повикани претставниците на кралските семејства од Норвешка и Шведска, кои се познати како блиски пријатели на данскиот дворец.
Ковчегот со телото на принцот Хенрик од катедралата Кристиансборг беше однесено во крематориумот, а неговата пепел половично ќе биде истурена во морето, а половично ќе биде погребана во дворот на кралската палата Фреденсборг.
За време на погребот низ цела Данска, ѕвонеа црковните ѕвона во два наврати по половина час. Неговото тело во катедралата Кристиансборг од петокот го посетија повеќе од 20.000 луѓе.
Починатиот дански принц, Хенрик, со потекло од Франција, јавно се пожали дека не станал крал во 1972 година, кога беше крунисана неговата сопруга, Маргарет II. Затоа побара да не биде погребан во катедралата каде што се погребуваат данските монарси уште од 1559 година.