Kübra Chohan
24 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
ИДЛИБ (АА) - Во сириската област Идлиб, во близина на турската граница, отворен е првиот женски здравствен центар со капацитет за сместување 3.500 пациентки, јавува Anadolu Agency (AA).
Мехмет Џихат Ајгун, член на одборот на Меѓународниот сојуз на лекари (АИД), денес за АА изјави дека новиот центар ќе вклучува одделенија специјализирани за акушерство и гинекологија, со цел да им се обезбеди на жените лекување пред и по породувањето.
АИД е основана во Истанбул, во 2011 година, од страна на група волонтери лекари, фармацевти, стоматолози и медицински техничари. Посветена е на обезбедување помош за лицата погодени од катастрофи и сиромаштија.
Објектот се наоѓа во рамките на кампот Атме, токму спроти турското јужно подрачје Рејханли, од другата страна на границата, подигнат со надеж дека ќе ги задоволи потребите на околу 3.500 жени кои сега живеат во и околу кампот.
„Не постоеја здравствени центри за жени во камп-населбите во Идлиб“, вели Ајгун. Така, ние го основавме овој, и се надеваме дека ќе излеземе во пресрет на потребите на жените од областа.
Жените кои ќе дојдат во центарот ќе добијат регуларен преглед од страна на нашите експерти.
Во моментов се проценува дека во камповите во близина на сириско-турската граница живеат 490.000 жени.
Во Сирија се води разурнувачката граѓанска војна која започна во 2011 година, кога режимот на Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.