Ayhan Şimşek
24 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
БЕРЛИН (АА) - Волфганг Шојбле, долгогодишен министер за финансии на Германија, денес беше избран за претседател на Бундестагот, на првата седница на новиот состав на Парламентот, пренесува Anadolu Agency (AA).
За именување на 75-годишниот сојузник на германската канцеларка Ангела Меркел гласаа 501 пратеник, од вкупно 709, колку што вбројува Долниот дом на германскиот Парламент.
Него го поддржаа колегите од Христијанско-демократската унија (CDU), но и поголемиот дел од опозициските парламентарци, додека екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) гласаше против.
Во пресрет на парламентарните избори на 24 септември, искусниот политичар партијата AфД ја нарече срам за Германија, поради нивната антимиграциска и антиисламска реторика.
ЦДУ, предводена од германската канцеларка Ангела Меркел, и нивната сестринска Христијанско-социјална унија во Баварија (CSU) освоија 33 отсто од гласовите на парламентарните избори, односно 246 места во Бундестагот.
Социјал-демократската партија (SPD) освои 153 мандати, а AфД 92.
ЦДУ/ЦСУ моментално преговараат со либералите, кои имаат 80 пратеници во Парламентот, и со Зелените, со 67 пратеници, за да формираат коалициска влада.