Recep Şakar
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Властите на островската држава Вануату, која се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан, соопштија дека 11 илјади лица кои живеат во островот Амбае ќе бидат евакуирани поради закана од вулканска ерупција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во весникот „Vanuatu Daily Post“ (Вануату дејли пост), по зголемувањето на сеизмичките активности на вулканот Монаро, Агенцијата за метеорологија и геолошка опасност го зголеми нивото на опасност на четврта категорија, а потоа премиерот Шарлот Салваи соопшти дека е донесена одлука за задолжителна евакуација на жителите на островот.
Се очекува Салваи заедно со министерот за климатски промени, Хам Лини, да го посетуваат островот. Салваи пренесе дека евакуацијата ќе започне, и се очекува тој процес да заврши до 6 октомври.
Вулканот Манаро пред два дена се активира, и почна да исфрла лава и пепел врз населените места. Во побезбедниот дел на островот беа евакуирани 8.000 жители на овие населени места.
Одделот за метеорологија и геолошка опасност викендот го зголеми нивото на опасност на четврта категорија и прогласи вонредна состојба на островот. Надлежните упатија предупредување оти во случај вулканот да исфрли лава, ќе бидат во опасност и селата кои се оддалечиени до 7 километри.
Вануату се наоѓа во огнениот прстен на земјотреси и вулкани во Тихиот Океан, каде што се наоѓаат голем број активни вулкани. Кога вулканот Манаро се активира во 2005 година, илјадници лица беа евакуирани од Амбае.