Ekipa
26 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
ВЕЛИНГТОН (АА) - Повеќе од 6.000 луѓе ги напуштија своите домови откако вулканот Maнаро, на северниот остров во државата Вануату во Тихиот Океан, почна да исфрла пепел, јавува Anadolu Agency (AA).
Вулканот Mанаро на островот Aмбае е активен од 2005 година, но неговите последни сеизмички активности предизвикаа страв од голема ерупција.
Директорот на Канцеларијата за управување со катастрофи, Шадрак Велегтабит, рече дека властите на таа островска држава источно од Австралија планираат да прогласат вонредна состојба откако активноста на вулканот за време на викендот се зголеми на четврто ниво.
На жителите им е кажано дека се очекува вулканот да исфрли вулкански гасови, камења и пепел.
Од канцеларијата за справување со катастрофи соопштија дека на островот живеат околу 10.000 луѓе, а најзагрозени се оние што живеат на север и на југ.
Жителите се префрлени во училиштата и во салите источно и западно на островот.