Recep Şakar
26 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Во австралиската сојузна држава Квинсленд се урна мал авион. Во несреќата животот го загубија две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Квинсленд објави дека авион од моделот „Diamond DA 40“, во којшто се наоѓале две лица, од засега непознати причини се урнал југозападно од Брисбејн, главиот град на оваа сојузна државата во Австралија.
Во несреќата животот го загубија двете лица што се наоѓаа во авионот.
Австралиското биро за безбедност при транспортот започна истрага во врска со несреќата.