Mahmut Atanur
28 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
ЏАКАРТА
Во последните 24 часа се случија 52 ерупции на вулканот Мерапи кој се наоѓа на индонезискиот остров Јава, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Центарот за вулканологија и намалување на геолошки катастрофи се наведува дека по ерупциите на вулканот, дошло до излевање на лава и исфрлање на пепел и чад, кои се спуштиле до 3.000 метри по падините во југозападниот дел на планината.
Покрај тоа, се информира дека вулканот во последните 24 часа предизвикал 52 ерупции.
По ерупциите, настанатите дождови од пепел негативно влијаеле врз некои села во регионот.
Претставниците на власта информираа дека во подрачјето Леман, околу 200 лица биле евакуирани и префрлени во побезбедни места, а локалното население е предупредено да носи маски и заштитни очила како заштита од дождот од пепел.
Во исто време, од 5 ноември досега, во ова подрачје е воведено „портокалово“ ниво на опасност поради зголемената вулканска активност, а претставниците на власта предупредуваат „да нема какви било активности околу вулканот во радиус од 5 километри“.
Во 2010 година вулканот Мерапи на островот Јава, висок 2.968 метри, при ерупцијата исфрли лава, а во оваа природна катастрофа животот го загубија 347 лица.
Системот за алармирање на вулкани во Индонезија се состои од четири фази, „зелена“, „жолта“, „портокалова“ и највисоката „црвена“ фаза.