Recep Şakar
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
МЕЛБУРН (АА) - Над 5.000 лица се евакуирани во безбедно подрачје поради ерупција на вулканот Улавун, во покраината Источна Нова Британија, Папуа Нова Гвинеја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на радио „Њу Зеланд“ (New Zeland), вулканот Улавун од вчера наутро почнал да исфрла лава.
Се вели дека црниот чад кој го покривал небото, се ширел со километри и врнел дожд од пепел.
Од ова подрачје во безбедни подрачја биле евакуирани над 5.000 лица.
На овој остров за сообраќај се затворени дел од автопатите поради проток на лава, но сѐ уште не се дадени информации за можни жртви или штети.
По активирањето на овој вулкан, националната авиокомпанија на оваа земја, „Ер Ниугини“, соопшти дека се одложени сите летови на аеродромот „Хоскинс“ на неопределено време.