Ekipa
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
НЕАПОЛ (АА) - Скелет од човек е пронајден за време на археолошките ископувања во Херкуланеум, кој се наоѓа во подножјето на планината Везуф во градот Ерколано, јужна Италија, јавува Агенција Анадолија (АА).
За скелетот се претпоставува дека станува збор за маж на возраст помеѓу 40 и 45 години, кој загинал додека бегал од ерупцијата на вулканот Везуф во 79 година од нашата ера.
Се верува дека илјадници луѓе ги изгубиле животите во ерупцијата која ги уништи римските градови Помпеја, Херкуланеум, Оплонтис и Стабиа.
Во претходните археолошки ископувања, стотици скелети на луѓе беа пронајдени во близина на брегот, што покажува дека тие најверојатно чекале спасување.
Оттогаш, Везуф има еруптирано многупати и е еден од најопасните вулкани во светот бидејќи во негова околина живеат милиони луѓе.
Италија има три активни вулкани кои еруптираа во последните сто години. Вулканите Етна на Сицилија и Стромболи и понатаму се активни. Вулканот Везуф во близина на Неапол последен пат еруптира во 1944 година.