Ekipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку десет лица се повредени по моќната ерупција на вулканот на индонезискиот остров Јава, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи Сутропо Пурво Нугрохо, соопшти дека кратерот Силери на вулканот Диенг Плато исфрлал изладена лава и пепел и до 50 метри во воздух.
Ненадејната ерупција се случи денес на пладне по локално време, кога најмалку 17 туристи биле во близина на кратерот.
Најмалку десетмина повредени лице се хоспитализирани.
Вулканот Диенг Плато во областа Банџарнегара е популарна туристичка дестинација на Јава.
Пријатната клима и хинду храмовите од деветтиот век се централна туристичка атракција на надморска височина од околу 2.000 метри.
Ова е еден од околу 130-те активни вулкани во Индонезија, кој се наоѓа на тектонскиот активен Пацифички појас, познат како „Огнен прсте“.